Дома Фудбал Репрезентации Турција го отпушти Шенол Ѓунеш после дебаклот од Холандија

Турција го отпушти Шенол Ѓунеш после дебаклот од Холандија

Репрезентацијата на Турција остана без селектор откако беше торпедирана од Холандија со 6:1.

После две години Шенол Ѓунеш си заминува од селекторската функција. За него ова беше втор мандат како селектор на турската репрезентација.

„После долги разговори, турската федерација и селекторот Шенол Ѓунеш одлучија дека е дојдено време за раделба“, објавија од Фудбалската федерација на Турција.

Шпекулациите за Ѓунеш за заминување се појавија после Европското првенство, меѓутоа на крајот доби уште една шанса, сепак сега дефинитивно е крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лапорта ја откри вистинската трансфер „бомба“: Се обидовме се, лично му се јавив

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека неговиот тим минатото лето се обидел …