Дома Останати Кошарка Евробаскет Турците ги изненадија Шпанците: Дарушафака подобри од Реал

Турците ги изненадија Шпанците: Дарушафака подобри од Реал

Дарушафака го заокружи успешниот ден на турските тимови во Евролигата, откако во вториот меч од четвртфиналната серија со Реал, победи 80:84. Претходно Ефес победи во Атина против Олимпијакос 73:71. Резултатот во серијата е израмнет на 1:1.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Турскиот тим кој во последното коло избори пласман во Топ 8, одигра уште еден одличен натпревар во Мадрид, но за разлика од првиот, во вториот успеа да победи.

Дарушафака имаше шест поени предност по првиот дел, но Реал возврати во третиот период, кога блескаше Серхио Љуљ кој постигна 18 од 30-те поени на Реал во третата четвртина.

Решавачкиот период донесе голема борба и неизвесност, а повеќе нерви имаа играчите на Дарушафака, кои со мирна игра ги казнија сите неуспешни обиди за три поени на играчите на Реал.

Вонамејкер со 21, односно Вилбекин и Жижиќ со по 17 поени ја предводеа Дарушафака, додека кај Љуљ двоцифрен ефект имаа само Љуљ (22 поени) и Ајон (16 поени).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Дали ова е крајот на сезоната за Лука Дончиќ? Одговорот е во рацете на Лејкерс

Додека Лос Анџелес Лејкерс губат со 0-1 во полуфиналето на Западната конференција и чекаат…