Дома Фудбал Англија Трошат, но и заработуваат – Сити објави рекордна заработка!

Трошат, но и заработуваат – Сити објави рекордна заработка!

city

Манчестер Сити троши огромни суми на засилувања, но полека станува и „машина“ за правење на пари.

За тоа сведочи и годината која е зад нас во која „граѓаните“ објавија неверојатна заработка од 534 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова е веќе трета сезона во низа во која Сити е во финансиски плус. Годишниот финансиски извештај всушност покажува дека приходот е помал за дваесетина милиони евра, но од клубот истакнаа дека тоа е така поради тоа што предвид е земен подолг временски период.

„Овој извештај е прикажан за нашите навивачи и партнери да можат да бидат сигурни за нашето добро работење“, изјави претседателот на клубот Калдон Ел Мобарак.

Како што е познато, тимот на Манчестер Сити во текот на летото инвестираше огромна сума во играчкиот кадар, а тоа се покажа како полн погодок со оглед на тоа дека тимот на Пеп Гвардиола во овој момент е лидер во Премиер лигата, но и во својата група во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…