Дома Останати Кошарка НБА Три причини зошто Лука Дончиќ не беше избран за „Ол-Стар“ натпреварот

Три причини зошто Лука Дончиќ не беше избран за „Ол-Стар“ натпреварот

Доби огромен број гласови од фановите, но сепак младиот Словенец не ја доби довербата од тренерите да се најде на „Ол-Стар“ натпреварот.

Кошаркарскиот вундеркид Лука Дончиќ се соочи со голема напревда во НБА лигата. Токму кога изгледаше дека ќе се приклучи на малобројните асови како што се: Џордан, Џунинг, Данкан, Грифин, Минг кои беа учесници на „Ол-Стар“ во својата прва сезона во НБА работите се променија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите го сакаа, но не новинарите и играчите. Дончиќ според гласовите од навивачите беше втор, повеќе гласови од него имаше само Леброн Џејмс. Меѓутоа бидејќи тоа се смета како 50% од вкупната бројка, додека 50% носат гласовите од играчите и новинарите. Лука доби малку гласови од новинарите што е апсурд бидејќи они би требало да бидат тие кои објективно ги оценуваат играчите.

Добро, можеби не заслужи да биде избран во стартната петорка, но дефинитивно тренерите мораа да го земат во резервите. Тоа не е случи и така е направена веројатно една од најголемите неправди во НБА.

Зошто е направена е направена оваа направда?

1. Американците не можеа да дозволат еден тинејџер од Европа да биде сензација

Ова може да биде една од причините бидејќи Лука започна да руши рекорди во својата прва сезона. Почнувајќи од трипл-дабл (единствениот тинејџер во својата прва сезона со два), па до останатите како оној по бројот на постигнати поени во првите 15 натпревари во кариерата во НБА со што го престигна Кевин Дурант. Го изедначи и рекородтн а Леброн од тинејџерските денови, а тоа е на три натпревари да постигне повеќе од 20 поени и да има барем 10 асистенции и 9 скокови.

2. Бидејќи е ова негова прва сезона за Американците по атрактивно е да го предводи тимот на светот против Американците.

И ова може да биде добра причина бидејќи НБА добро се грижи за маркетингот на целиот настан. Ако Лука е толкав магнет за навивачите, можеби за нив е и подобро да биде дел од натпреварот во ѕвездите во подем. Главниот „Ол-Стар“ натпревар секако привлекува огромно внимание.

3. Резултатски гледано игра во еден од најлошите тимови во лигата

Дончиќ навистина доминира, но Далас нема екстра ѕвезда и така добива поголем простор. Тоа е всушност и една од причините зошто дојде во Далас. Екипата има 23 победи и 28 порази и во овој момент се наоѓа блиску до дното на западната конференција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…