Дома Останати Кошарка НБА Трипл-дабл на Дончиќ и победа на Далас, на Лејкерси не им помогна ниту одличниот Леброн 🎥

Трипл-дабл на Дончиќ и победа на Далас, на Лејкерси не им помогна ниту одличниот Леброн 🎥

Далас продолжува со одличните настапи, а изминатата ноќ стигнаа до шеста победа во низа и тоа против Чикаго (113:99).

Со оваа победа Далас стави крај на низата од девет победи на противникот. Најзаслужен за победата на Мавси беше Лука Дончиќ кој запиша нов трипл-дабл со 22 поени, 14 скока и 14 асистенции. Треба да се спомене дека Далас играше без Порзингис.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега Далас е петти на Западната конференција со скор од 22-18, додека Чикаго е лидер на истокот со 26-11.

На Лејкерси не им помогна ниту одличниот Леброн Џејмс кој уфрли 35 поени, подели 7 асистенции и запиша 9 скока. Од Лејкерси беше подобар Мемфис со 119:127. Во редовите на Мемфис најефикасен бше Бен Десмонд со 23 поени, 4 скока и 3 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Вашингтон 100:102

Торонто – Њу Орлеанс 105:101

Хјустон – Минесота  123:141

Оклахома – Денвер  95:99

Далас – Чикаго  113:99

Голден Стејт – Кливленд   96:82

Портланд – Сакраменто   103:88

Л.А.Лејкерс – Мемфис  119:127

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…