Дома Фудбал Англија „Трио фантастико“ е големата главоболка на Гвардиола пред двомечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

„Трио фантастико“ е големата главоболка на Гвардиола пред двомечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

Сите љубители на фудбалот со нетрпение го очекуваат првите дуели во четвртфиналето во ЛШ, а еден од натпреварите кој секако ќе привлече внимание е оној во кој силите ќе ги одмерат двата англиски клуба, Ливерпул и Манчестер Сити.

Ливерпул во среда на „Енфилд“ ќе ја пречекаат „машинеријата“ на Гвардиола која веќе сега ја слави титулата во Англија. Сепак, сигурно е дека нешто ќе се прашува и Ливерпул во овој дуел, со оглед на тоа дека моментално веројатно не постои екипа против која избраниците на Клоп не можат да постигнат барем еден погодок.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Секако најголемата опасност по голот на Сити ќе биде триото – Салах, Мане и Фирмино, а за тоа е свесен и Пеп Гвардиола кој пред мечот на „Енфилд“ полажа дека и самиот е воодушевен од офанзивната линија на „Црвените“.

„Не е тоа само Салах, тука се и Мане и Фирмино, сите тројца се фантастични. Тие се речиси недопирливи. Тие се фантастични играчи. Начинот на кој игра Ливерпул е комплициран за нас, тоа го знаеме. Тие се брзи, и толку се добри, па оттаму ќе биде тешко да се игра против нив“, истакна Гвардиола и додаде:

„Но, тоа е четвртфиналето во ЛШ, така што не треба да очекуваме дека ќе имаме лесна работа“.

Салах, Фирмино и Мане заедно оваа сезона постигнаа 75 погодоци во сите натпреварувања, така што Гвардиола со право „стравува“ од триото на Ливерпул.

Инаку, средбата помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити на распоредот е в среда со почеток од 20:45.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…