Дома Фудбал Италија Трет фудбалер на Јувентус позитивен на КОВИД-19!

Трет фудбалер на Јувентус позитивен на КОВИД-19!

Паоло Дибала е третиот фудбалер на Јувентус кој е заразен со коронавирус КОВИД-19. Потврди аргентинскиот напаѓач на неговиот Инстаграм профил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После прекинот на Серија А Дибала беше во самоизолација со неговата девојка Оријана Сабатини. Вчера направи тест, а денес двајцата ги добиле резултатите.

„Поздрав на сите. Сакам да ве известам дека ги добивме резултатите од тестирањето на КОВИД-19. Оријана Сабатини и јас сме позитивни. За среќа се чувствуваме одлично. Ви благодариме на пораките“, порача Дибала.

Претходните двајца фудбалери на Јувентус кои беа позитивни на вирусот се Даниеле Ругани и Блез Матуиди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Силекс се засили со младински репрезентативец на Македонија!

Силекс продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во летниот преоден рок, а најново…