Горан Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ по речиси шест години ја прекинаа соработката, беше потврдено минатата недела. Во меѓувреме, Ѓоковиќ објасни дека нема проблеми помеѓу нив двајца и дека едноставно професионално дошол моментот за таква одлука.
Моментално најдобриот светски тенисер тренира со Ненад Зимоњиќ, поранешен одличен дубл играч кој би можел да му биде следен тренер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На оваа тема во својот подкаст „Официјално со Енди Родик“ зборуваше и легендарниот Американец, кој се сомнева дали на Србинот воопшто му треба тренер:
„Малку е чудно прашање, дали му треба тренер. Мислам дека мојата мачка би можел да тренира и да победи на еден куп натпревари“.
Родик напомена и дека нема да биде изненаден од новото враќање на Словакот Маријан Вајда, кој веќе двапати го тренираше Ѓоковиќ.