Дома Останати Тенис Тренерот на НБА шампионот: Би потпишал со Ѓоковиќ, може да чува било кого!

Тренерот на НБА шампионот: Би потпишал со Ѓоковиќ, може да чува било кого!

djokovic popovic

Tренерот на Голден Стејт кој е актуелен шампион во НБА лигата, го следеше последениот меч на Новак Ѓоковиќ кој го победи Милман и така се пласираше во полуфиналето на УС Опен.

По тој повод како гостин на турнирот во Њујорк тој даде интервју за официјалниот сајт на АТП.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поповиќ доби прашање со кого би потпишал договор од славната тениска тројка: Надал, Федерер и Ѓоковиќ.

„Роџер е Роџер и сите сакаат да го гледаат, но мене омилен ми е Ѓоковиќ. Го сакам неговото движење на теренот. Едноставно изгледа како да го покрива целиот терен. Тешко е и да не го сакате Надал. Единствен е со спринтот и има неверојатна физичка форма. Тоа се момци кои ги сакам“.

Потоа следуваше конкретното прашање…

„Ух, би пробал со Новак. Мислам дека може да чува било кого. Има многу добро движење, верувам дека може да чува било кого, би бил добар и во контрите. Би сакал да го видам на кошаркарски терен“, одговори Поповиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му стои на патот до титулата на Мастерсот во Рим, а српскиот те…