Дома Фудбал Лига на шампиони Тренерот на Малме предупредува: Добивме тежок противник

Тренерот на Малме предупредува: Добивме тежок противник

Македонскиот фудбалски шампион Вардар за противник во второто коло од квалифкациите за Лигата на Шампионите го доби шведски Малме, каде стратег е Магнус Персон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Персон во периодот од 1991 до 2003 година бил фудбалер, по што подоцна се префрлил во водите на менаџирањето, најчесто со тимови во Скандинавија. За средбата со „црвено-црните“ повикува на претпозливост на неговите играчи.

„Прво и основно, добивме тежок противник. Генерално првиот натпревар го играме дома и тој ништо нема да одлучи. Во вакви двомечи, секогаш одлуката паѓа на вториот натпревар, во овој случај на гостински терен во Македонија. Ќе мора да бидеме агресивни и особено претпазливи во дефанзивата“, изјави Персон.

Во претходните сезони, за Малме секогаш како пресуден се покажал натпреварот пред своите гледачи, па поради тоа јасно е дека на првата средба во Шведска ќе бркаат победа.

„Имаме одлична домашна поддршка од публиката. Тоа мора да нѐ води во текот на целата средба. Беше одлично минатата сезона, се надевам така ќе продолжи и во новата“, истакна Персон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Херојот Возиња дојде до неверојатна бројка на Инстаграм, а по натпреварот се расплака поради неговата мајка

Четириесетгодишниот голман на Зелениот Рт, Возиња, направи чудо против Шпанија со одличнит…