Tренерот на Брентфорд Томас Франк изјави дека би требало да се одложи комплетното коло во Премиер лигата овој викенд поради се поголемиот број заразени со коронавирус во клубот.
„Бројот на заразени со коронавирус расте во сите клубови во Премиер лигата и поради тоа сите имаат проблеми. Треба да се одложи целото коло овој викенд и Лига Купот и тоа на сите би ни дало барем една недела да се расчисти ситуацијата и да се прекине овој ланец. Со таква одлука би биле сигурни дека програмата за „Боксинг деј“ ќе се одвива според планот“, изјави Франк додавајќи дека во неговиот клуб има 13 позитивни случаи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој додаде дека бил во контакт со Премиер лигата и останатите тренери и дека тие се сложуваат со неговиот став.
„Оваа омикрон варијанта на коронавирус се шири како пожар и мораме да направиме се што можеме за да се заштитиме. Можеме многу да направиме ако ги затвориме тренинг-центрите на четири или пет дена“, изјави стратегот на Брентфорд.