Менаџерот на Абердин, легендарниот Нил Ворнок, е воодушевен од перформансите на македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски.
Македонскиот напаѓач игра во неверојатна голгетерска форма, а Ворнок тврди дека тој е најдобриот напаѓач што го тренирал во долгата и богата кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Му кажав да даде два гола и да излезе на полувреме. Потоа му предложив ако сака и да остане до 60.минута за да комплетира хет-трик. Си намигнавме кога ги постигна погодоците и решивме дека е доволно за минутажата. Во кариерата имав многу проблеми со напаѓачите, а сега го добив најдобриот напаѓач кој сум го тренирал“, изјави Ворнок.
Миовски оваа сезона постигна 22 гола и забележа четири асистенции на 36 натпревари одиграни за Абердин.