На клупата на Атлетик Билбао наредната сезона ќе седи Едуардо Берицо, пренесуваат медиумите од оваа земја.
Клубот од Баскија неодамна се раздели со Цицо, Зиганда откако во неодамна завршената сезона не ги оправда очекувањата, а на негово место ќе дојде Едуардо Берицо кој својот последен ангажман го имаше во Севиња.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Берицо се договорил со Атлетико Билбао за соработка на една година со опција за продолжување доколку клубот се избори за излез во Европа. Според договорот би заработувал околу 1.5 милион евра.
Да потсетиме, Берицо во текот на времето додека ја водеше Севиља имаше и големи здравствени проблеми. Поточно беше приморан да се оперира поради рак, па пропушти неколку натпревари од сезоната.
Управата на Севиља немаше разбирање за ситуацијата на 48 годишниот Аргентинец, па седум дена после враќањето на клупата заработи отказ.
Освен Севиља во досегашната кариера Берицо имаше прилика да ги води уште Селта Виго, О’Хингс и Естудиантес.