Дома Македонски спорт Мак фудбал Тренерот Гуцев за скандалот во Сингилиќ: Побараа да го „пуштиме“ натпреварот, целата ситуација беше режирана и планирана!

Тренерот Гуцев за скандалот во Сингилиќ: Побараа да го „пуштиме“ натпреварот, целата ситуација беше режирана и планирана!

Вистински скандал го потресе денес македонскиот фудбал откако фудбалерите и тренерите на ФК Беласица беa нападнати на теренот на Фортуна во Сингилиќ во натпреварот против Локомотива Пехчево во рамки од 19-тото коло oд Втората фудбалска лига.

Според објавата струмичкиот клуб непознати лица влегле во соблекувалната и ги нападнале.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скандал пред почетокот на натпреварот од ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!!!

Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот!“, соопшти Беласица.

По овој случај го контактиравме тренерот на Беласица, Благој Гуцев кој го потврди страшниот инцидент.

„Побараа да го пуштиме натпреварот за да не дошло до поголеми инциденти. Јас се свртев да влезам во соблекувална и без збор да кажам добив удар во пределот на главата. Ударот беше толку силен што се слушна и внатре, а играчите веднаш излегоа. Веројатно брзо сфатија што направија и веднаш го напуштија теренот. Јас имам телесни повреди и слаба енергија и како што изминува времето проблем со левото око и уво. Утре ќе морам да посетам доктор повторно. Не знам што ќе се случеше доколку ударот го добиеше играч на тимот кој има 17 или 18 години или пак некој од моите повозрасни колеги кои имаат по 65-66 години“.

„Како и да е случајот нема да се затвори тука и ќе одиме до крај за да не настрадаат и други екипи како што настадавме денес ние. Најжалосно е што целата ситуација е режирана. Домаќините беа свесни што направија. Се беше воиграно и планирано предвреме“, ни изјави Гуцев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…