Дома Фудбал Треба да се биде голем и во поразот: Азар е пример за лидер и вистински професионалец! (ВИДЕО)

Треба да се биде голем и во поразот: Азар е пример за лидер и вистински професионалец! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија Лига купот откако на пенали го совладаа Челзи.

Избраниците на Пеп Гвардиола во финалето го победија Челзи после пенали откако после 120 минути игра на „Вембли“ немаше голови. Повеќе среќа во пенал рулетот имаа „граѓаните“ кои така стигнаа до уште еден трофеј.

Челзи тактички одигра добар натпревар иако само десет дена претходно беа понижени од Манчестер Сити со 6:0. Тогаш Сити славеше со 6:0, но во финалето „сините“ изгледаа навистина добро на теренот.

После натпреварот една камера посебно го снимаше Еден Азар кој со својот потег ја воодушеви англиската јавност. Тој прво ги тешеше своите соиграчи, а потоа се поздрави со судиите и им честиташе на играчите на Сити на победата.

Токму вака треба еден професионалев и лидер да се однесува на теренот без оглед на се.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…