На само еден месец пред почетокот на Светското првенство, фудбалскиот свет го погоди непријатна вест.
Еден е судиите кој требаше да патува на Мундијалот во Русија е суспендиран поради местење натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фахад Ал Мирдаси е познат судија од Саудиска Арабија и веќе судеше на најголемите светски фудбалски натпреварувања, а за неколку недели се очекуваше да отпатува за Русија со останатите судии. Но фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија објави дека Мирдаси го признал обидот за местење во натпреварот од купот во оваа земја.
Мирдаси признал дека го контактирале луѓе од саудискиот клуб Ал Итихад пред финалето на Купот против Ал Фаисали и наводно му било понудено да учествува во местењето на
натпреварот. Откако бил приведен, Мирдаси признал дека добил одредна сума на пари.
ФИФА за „BBC“ ја потврди оваа вест и побара дополнителни инфомрации за Саудииецот. Мирдаси е судија на ФИФА од 2011 година.
Saudi Arabia Bans FIFA Referee Fahad al Mirdasi For Life Over Bribery Allegations https://t.co/VvrO5QYWa0
— Lasgidi Online (@akpenejacob) May 16, 2018