После големото реми против Италија, Македонија денес во Струмица го игра последниот квалификациски натпревар против селекцијата на Лихтенштајн која е последна во нашата група.
Во одлична форма во репрезентативниот дрес е напаѓачот на Палермо, Александар Трајковски. Трајковски стрелаше против Албанија во Струмица, а пред само неколку дена го совлада Буфон во Торино.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Токму овие добри настапи на Македонецот му даваат самодоверба пред натпреварот против аутсајдерот.
„Ова е натпревар во кој сме фаворити и единствена опција за нас е победата. Моја и желба на сите нас е да оставиме добар впечаток во последниот натпревар од овие квалфикации во кои лошо стартувавме, но подоцна покажавме дека имаме потенцијал да се натпреваруваме против секого. Лихтенштајн е репрезентација која сигурно можеме да ја победиме и треба да покажаме дека знаеме да ја оправдаме фаворитската улога“, изјави Трајковски.