Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Aдис Јаховиќ има нов клуб!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Aдис Јаховиќ има нов клуб!

Нашата редакција навремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации се до затворањето на трансфер пазарот.

Даниеле де Роси донесе одлука да остане во Серија А. Во моментов Милан и Фиорентина покажуваат најголем интерес (ОВДЕ).


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


– Пари Сент Жермен испрати официјална понуда за Сергеј Милинковиќ-Савиќ од 75 милиони евра. Лацио бара 80 милиони, па двата клуба се блиску до договор. До крајот на денот француските и италијанските медиуми најавуваат повеќе информации за оваа потенцијална зделка.

Немања Матиќ го напушта Манчестер Јунајтед, но најверојатно ќе остане во Англија (ОВДЕ).

– „Бомба“: Манчестер Сити плаќа 80 милиони фунти за Хари Мекгваер и ќе го направи најскап дефанзивец во истројата (ОВДЕ).

Зинедин Зидан „отпиша“ 13 фудбалери во Реал Мадрид од кои може да се состави одличен тим (ОВДЕ).

– „Газета дела Спорт“ јавува дека пропаднал трансферот на Един Џеко во Интер (ОВДЕ).

Матијас де Лихт е на чекор од трансфер во Јувентус. Ќе биде втор најплатен играч во Серија А и годишно ќе заработува 14 милиони евра. Како што изминува времето изгледа дека се отстрануваат дилемите каде Де Лихт ќе ја продолжи кариерата.

– Манчестер Јунајтед ќе ја активира клаузулата во договорот на Маркус Рашфорд и ќе го продолжи неговиот договор за додатни 12 месеци.

– Официјално: Рафа Бенитез не е повеќе тренер на Њукасл.

– Арсенал понуди 20 милиони евра за левиот бек на Селтик, Киран Тирани. Според последните информации трансферот е блиску до реализација.

– Манчестер Јунајтед го комплетираше трансферот на 16-годишниот талент од Сарагоса, Матео Мехија. (ОВДЕ).

– Малдини вчера имаше средба на Ибица со левиот бек на Реал Мадрид, Тео Хернандес. Шпанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ се спремни да ја победат конкуренцијата и да го донесат на „Сан Сиро“.

– Готово: Борусија Мехенгладбах го договори трансферот на Брил Емболо од Шалке. За швајцарскиот напаѓач ќе плати неверојатни 45 милиони евра.

Лукас Тореира и официјално побара од Арсенал да го пушти да се врати во Италија. Милан е силно заинтересиран и понуди едногодишна позајмица за 7 милиони евра, плус додатни 38 милиони за откуп следното лето.

– Тренерот на Арсенал, Унаи Емери испрати молба до раководството да му даде поголем буџет. Негова примарна цел е Вилфред Заха од Кристал Палас (ОВДЕ).

– Готово: Ајакс го комплетираше најскапото засилување во својата историја. Холандскиот гигант на Севиља и плати 22 милиони евра за потписот на Квинси Промес.

– Баерн Минхен се вклучи во трката за дефанзивецот на Штутгат, Озан Кабак. Турскиот репрезентативец беше на чекор од Милан, кој се уште останува во пол-позиција за неговиот потпис. Играчот има откупна клаузула од 15 милиони евра.

Фабио Капело излезе со интересна изјава по повод најавите за доаѓање на Де Лихт во Јувентус.

„Ако Јувентус успее да потпише со Матијс де Лихт тогаш сезоната е веќе завршена. Повторно. Можеме да одиме директно на следната сезона“, изјави Капело на оваа тема.

– – АЈАКС ГО РУШИ КЛУПСКИ РЕКОРД! Квинси Промес пристигнува во Амстердам за клупски рекорд! (ОВДЕ)

– Ливерпул и Манчестер Јунајтед покажуваат интерес за Жуниор Фирпо од Реал Бетис

Хуан Квардадо може да го напушти Јувентус за сума помеѓу 20 и 25 милиони евра. Интерес за овој фудбалер покажаа Милан, Интер, Севиља и Валенсија

– Интер на Барселона и го понудил Раџа Наинголан во замена за Артуро Видал кого се обидуваа да го доведат минатото лето. Меѓутоа Видал како да нема премногу желба да си замине од Каталонија, а изгледа и дека Барселона нема потреба од играч како Наинголан и не изгледа дека ова ќе биде нешто повеќе од идеја на „нероаѕурите“.

ДЕ ЛИХТ! Пари Сен Жермен наводно е спремен да излезе со нова поголема понуда од онаа Јувентус кој на Де Лихт му понуди седум милиони евра по сезона. Сумата засега не се открива.

Жозе Мурињо е главен фаворит за празното тренерско столче во Њукасл! (ОВДЕ)

– „Калид Кулибали има цена и таа изнесува 150 милиони евра“, дописникот на „Скај“ од Неапол, Карло Авино

– OФИЦИЈАЛНО: Адис Јаховиќ потпиша договор со Јени Малатијаспор! (ОВДЕ)

– „Кадена КОП“ ексклузивно пренесува дека Атлетико Мадрид ќе ја плати откупната клазула (40 милиони евра) за стоперот на Еспањол, Марио Ермосо.

– Сензационални вести пристигнуваат од Островот! Наводно во ПСЖ се спремни да направат размена Нејмар – Погба! (ОВДЕ)

– „Газета дело Спорт“: Ромело Лукаку, Един Џеко и Николо Барела се согласиле на трансфер во Интер, но се треба Интер да се договори со нивните клубови. Сите тројца се желби на Антонио Конте.

– „Франс Фудбал“ пишува дека Дани Алвес има дури пет понуди за продолжување на кариерата.

– Монако брзо се предомисли и сега сака да се ослободи од Сеск Фабрегас кој има плата од огромни 600.000 евра неделно, но засега нема најави кој би можел да го доведе Шпанецот. Прашање е и дали Фабрегас ќе има желба да се откаже од сумата која тешко дека ќе ја добие на друго место. Можеби ако се појави некој кинески клуб…

Арсен Венгер е еден од кандидатите да го наследи Рафа Бенитез во Њукасл.

– После веста дека Алвес има пет понуди сега се откриваат и имињата на клубовите тоа се – Барселона, Манчестер Сити, Гвангажу, Борусија Дортмунд и Интер. (ОВДЕ)

– За шест дена (од 1-ви јули) многу играчи ќе останат без договор и од нив може да се состави одличен тим (ОВДЕ)

– OФИЦИЈАЛНО: Квинси Промес играч на Ајакс!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миланско дерби за „нвиот Неста“

Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно е на трансфер листата на миланските гиганти Мил…