Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Завршен првиот дел од размената помеѓу Барса и Валенсија!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Завршен првиот дел од размената помеѓу Барса и Валенсија!

Како и секој ден и денес сме тука да ве известуваме за се што се случува на трансфер пазарот во ширум светот!

Денес и во следните неколку дена најмногу ќе се пишува за Де Лихт и Нејмар. Се погласни се шпекулациите дека Нејмар ќе се врати во Барселона, додека фаворит за потписот на Де Лихт од неодамна е Јувентус. Да почнемеме по ред:


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Италијанскиот новинар кој важи за добро запозаен со случувањата во Јувентус, Ромео Агрести. На својот Јутуб канал објави видео во кое објаснува како стојат работите со Де Лихт. Тој тврди дека преговорите се во тек и најавува можност Јувентус во трансферот да го вклучи Моис Кин на кого како и на Де Лихт му е агент Мино Раиола.

НЕЈМАР: Според последните информации на шпанските медиуми предводени од „Мундо Депортиво“ Нејмар прифаќа и помала плата за да се врати во Барелона (ОВДЕ)

– Ако им веруваме на италијанските и француските медиуми, Милинковиќ-Савиќ го договорил својот трансфер во ПСЖ. Наводно, Лацио ќе добие 80 милиони евра, а Савиќ во Париз ќе заработува осум милиони евра по сезона. (ОВДЕ)

Килијан Мбапе повторно почнува да се поврзува со Реал Мадрид. Но овој пат најавите се дека Реал ќе се обиде да го договори Мбапе за следното лето.(ОВДЕ)

ДЕ ЛИХТ: Во Барселона изгледа не се откажале целосно од Де Лихт. Жерар Пике имал средба со Холанаѓанецот за време на одмор на Бахамите. Меѓутоа повеќе информации не се откриваат, па поради тоа Јувентус и понатаму е фаворит. (ОВДЕ)

– Италијанците тврдат дека Милан е во пол позиција за ангажман на Даниеле Де Роси.

– БЛИСКУ ДО ДОГОВОР: Пред потпис со Ливерпул се наоѓа младиот холандски дефанзивец  Сеп ван дер Берг. Тој на „Енфилд“ би требало да пристигне за сума од четири милиони евра. (ОВДЕ)

– Денес или најдоцна до утре треба да биде реализирана голманската размена на релација Валенсија – Барселона. Јаспер Силенсен допатува во Валенсија на завршни преговори и потпис, во спротивен правец за Каталонија ќе се упати Бразилецот, Нето.

ВЕСТ НА ДЕНОТ НА ОСТРОВОТ: Дерби Каунти го ослободи Лампард! Во секој момент се очекува потврда од Челзи дека седнува на клупата на „сините“! (ОВДЕ)

– Рома ја одбила понудата на Јувентус за Заниоло од 35 милиони евра. Во Јувентус и понатаму се во потрага по квалитетно засилување во средниот ред. Освен Заниоло со клубот од Торино се поврзуваа Погба, Жоржињо и Рабио кој изгледа е најблиску.

– БЛИСКУ ДО ДОГОВОР: Шпанците тврдат дека трансферот на Пабло Сарабија од Севиља во ПСЖ е завршена работа и тој би требало да изнесува 20 милиони евра. (ОВДЕ)

– Агентот на Буфон: „Порто не контактираше и морам да признаам дека таа дестинација е интересна за нас“. (ОВДЕ)

– Милан ја испратил првата официјална понуда за Лукас Тореира – осум милиони евра за позајмица, плус 25 за целосен откуп на договорот.

– Претседателот на Аталанта категорично ги отфрли информациите дека Наполи преговара со Дуван Запата.

– „Марка“ пренесува дека Алберто Морено како слободен играч ќе се приклучи на Виљареал.

– Нови вести поврзани со Виљареал: Раул Албиол ги помина лекраските прегледи во овој клуб се чека и официјална потврда за трансферот.

ГРИЗМАН И БАРСЕЛОНА! „Телеграф“ објави дека Барселона трансферот на Гризман ќе го заврши на 1-ви јули кога ќе ја плати клазулата во неговиот договор во износ од 120 милиони евра (ОВДЕ)

– КОНЕЧНО: Тотенхем е пред ангажман на засилување! Станува збор за фудбалерот на Лидс Џек Кларк, оваа зделка би требало да изнесува околу 9.5 милиони евра.

Ел Шарави на маса има богата понуда од Кина (ОВДЕ)

– После скоро еден час без информација на трансфер пазарот пристигнува вест од Франција. Претседателот на Лион потврди дека Ндомбеле кој е желба на повеќе европски клубови побарал трансфер.

Симон Мињоле е на излезни врати од Ливерпул, интерес за него покажува Кристал Палас.

– Португалска Бенфика би можела да биде наредната дестинација на голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас. Меѓутоа тука проблем прави оштетата која Бенфика би морала да ја плати за услугите на Навас.

– Од Островот пристигнуваат информации дека Арсенал би можел да направи обид да го ангажира Иван Перишиќ.

– Англиски Стоук денес претстави дури петмина фудбалери: Адам Дејвис (26), Лиам Линдсеј (23), Ник Пауел (25), Ли Грегори (30) и Џордан Коусинс (25).

– После неколку часа конечно нешто интересно! Агентот на Ромелу Лукаку пристигна во канцелариите на Интер!

– „Франс Фудбал“ пренесува дека Милан би можел да започне преговори за доведување на играчот за врска на Лион, Набил Фекир.

НЕЈМАР:  „АС“ пишува дека однесувањето на таткото на Нејмар кој како што е познато е агент на фудбалер е доказ дека нешто случува. Поточно, Нејмар сениор често пати се појавува пред камерите, а во последните недели освен телефонски разговор во кој го бранеше својот син од обвинувањата од Најила не се појавил никаде. (ОВДЕ)

Официјално: Јаспер Силенсен ги помина медицинските прегледи и потпиша договор со Валенсија. Сега се чека на пат кон Барселона да се упати Нето.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…