Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Бејл одбил луда понуда, Елмас откако го „преселија“ во Неапол се врати во Инстанбул

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Бејл одбил луда понуда, Елмас откако го „преселија“ во Неапол се врати во Инстанбул

Како што веќе добро знаете и денес сме тука да ви пренесуваме се што се случува на трансфер пазарот ширум светот!

– Утрово се појави една сензационална вест и од од каталонскиот „Спорт“ – Реал ја започнува „операцијата“ Нејмар! (ОВДЕ)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Јувентус сака трансферот на Де Лихт да го заврши до крајот на неделата и според информациите на „Газета дело Спорт“ Италијанците ќе ги исполнат барањата на Ајакс и ќе платат 75 милиони евра. (ОВДЕ)

– Александар Трајковски може да му се придружи на Стефан Ристовски во Спортинг Лисабон (ОВДЕ)

– Фенебахче е сериозен во намерата да го доведе Озил, но Турците сакаат и Арсенал да плаќа дел од неговата плата, а Германецот една сезона да биде на позајмица. (ОВДЕ).

– Леонардо не може да вети дека Мбапе ќе го продолжи договорот! (ОВДЕ)

Марио Манџукиќ може да се врати во Баерн Минхен. Досега со Манџукиќ се поврзуваше Борусија Дортмунд, но сега и баварците покажале интерес за нивниот поранешен фудбалер (ОВДЕ).

– Барса и Гризман – зошто се чека? (ОВДЕ)

– Братот на Алисон Бекер, Муриел кој е исто така голман потпиша договор со Фламиненесе.

Солскјер во изјава за англиските медиуми кажа дека клубот не добил понуда за ниту еден играч вклучувајќи го и Погба.

– Ливерпул би можел да ја искористи ситуацијата во Реал и да го доведе Асенсио (ОВДЕ)

– Француските медиуми пренесуваат дека Клаудиот Лотито одново ја вратил цената на Милинковиќ-Савиќ на 100 милиони евра.

Диего Коста би можел да се врати во Премиер лигата и тоа во редовите на Вулвс. (ОВДЕ)

– Додека преговорите со Палас за Заха во застој Арсенал покажал интерес за Малком од Барселона (ОВДЕ)

– Официјално: Џенова го комплетираше трансферот на Антонио Барека од Монако.

– Трансферот на Хамес Родригез во Наполи изгледаше како завршена работа. Вчера дури и фудбалерот се фотографираше со негови пријатели кои носеа дресови од италијанскиот клуб, но денес настанало проблем. Наполи сака да го доведе на позајмица со право на откуп додека во Реал инсистираат на продажба.

– Трансферот на Едер Милитао од Порто во Реал од поодамна беше потврден, а стоперот денес ги минува прегледите во Мадрид.

– Вчера се појави вест дека Елиф Елмас денес пристигнува на прегледи во Неапол, но македонскиот бисер денес се врати во Инстанбул и беше пречекан како вистинска ѕвезда (ВИДЕО)

Џанлука Ди Марцио објави дека Рома ги направила првите чекори за ангажман на напаѓачот на Реал Мадрид, Маријано Диаз

– Најавите за преминување на Озил во Фенербахче паѓаат во вода затоа што турскиот клуб излезе соопштение во кое отворено порачува дека нема пари за фудбалерот на Арсенал. (ОВДЕ)

– Тотенхем има проблеми со Ериксен. Данецот има договор до 2020 година и може да се случи тогаш да го напушти клубот како слободен играч. (ОВДЕ)

– Пред неколку дена се појави вест дека Герет Бејл има понуда од Кина според која би заработувал милион и 200.000 фунти – НЕДЕЛЕНО, но Велшанецот ја одбил оваа понуда.

– Интересна ситуација беше забележана во Торино. Иако клубот не сака да го задржи, Игуаин кој денес пристигна на медицинските прегледи пред сезоната од страна на навивачите беше дочекан со аплаузи, а можеа да се слушнат и извици „остани, остани“.

– Фиорентина својот фокус максимално го насочи кон Бенедето од Бока Јуниорс.

Марио Лемина кој вчера започна да се поврзува со Манчестер Јунајтед денес го известил Саутемптон дека сака си замине.

– Реал Мадрид го претстави Едер Милитао.

– Во отстство на некои поинтересни информации од трансфер пазарот ви ги претставуваме клубовите кои најмногу потрошија во последната деценија. (ОВДЕ)

– Oстровските медиуми пренесуваат дека Немања Матиќ би можел да биде замената за Наинголан во Интер.

– Oлимпик Марсеј покажуваше сериозен интерес за Андре Силва, но напаѓачот одлучил да остане и да се бори за своето место во Милано.

– БЛИСКУ! Италијанците тврдат – трансферот на Бенасер во Милан е само прашање на време! (ОВДЕ)

– „Мундо Депортиво“ попладнево објави една интересна вест. Арсенал спрема понуда од 60 милиони евра за да ги добие Лукас Васкез и Маријано Диаз од Реал.

– Рордиго од Валенсија би можел да биде алтернативата на Наполи за Икарди, но шпанскиот клуб бара 70 милиони евра (ОВДЕ)

Ковач јавно истакна дека очекува уште засилувања во Баерн (ОВДЕ)

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …