Дома Фудбал Лига на шампиони Традицијата не најавува ништо ново: Хет-трикот на Меси му одговара на Реал Мадрид!

Традицијата не најавува ништо ново: Хет-трикот на Меси му одговара на Реал Мадрид!

messi real

Лионел Меси вчера одлично ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите и постигна хет-трик против холандски ПСВ во победата од 4:0.

Сепак, од хет-трикот на Аргентинецот можат да бидат задоволни и навивачите на најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид! Да, добро прочитавте на – Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси во својата долгогодишна кариера во најелитното натпреварување претходно два пати ја отварал сезоната со хет-трик и во двата случаи на крајот на европскиот трон застанувале „кралевите“!

Прв пат ваква ситуација се случи во сезоната 20213/2014, Барса како и вчера играше против холандски тим, но тогаш против Ајакс и победи со ист резултат 4:0, а Меси запиша хет-трик. На крајот на таа сезона Реал во финалето го победи Атлетико со со 4:1.

Во сезоната 2016/2017 Барселона на отварањето на Лигата на шампионите играше против Селтик и Каталонците запишаа убедлива победа од 7:0, а Аргентинецот повторно стигна до хет-трик зад своето име. Таа сезона „кралевите“ повторно славеа во финалето со 4:1, но овој пат нивни противник беше италијански Јувентус.

Останува времето да покаже дали и трет пат традицијата се повтори, а доколку тоа се случи ќе значи и четвртата титула за Реал Мадрид во низа во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фиорентина прв финалист во Лигата на конфереции🎥

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига, откако го елиминира белгс…