Дома Останати Кошарка Голема одлука: И покрај семејната трагедија репрезентативецот на Србија останува во Кина!

Голема одлука: И покрај семејната трагедија репрезентативецот на Србија останува во Кина!

Репрезентативецот на Србија, Василије Мичиќ го погоди тажна вест пред четвртфиналето против Аргентија.

Мајката на Мичиќ починала и оваа вест ја потврди селекторот Алекандар Ѓорѓевиќ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Одлучи да биде со нас против Аргентина и да игра во тој натпревар, тоа е голема работа. Не му е лесно, не му беше лесно цело време од почетокот на припремините. Сега прв пат зборуваме за тоа, тој поминуваше низ тежок период и навистина секоја чест за него што е тука“, изјави Ѓорѓевиќ

И покрај оваа семејна трагедија Мичиќ според последните информации ќе остане во Кина до крајот на турнирот.

Голем број медиуми започнаа да објавуваат дека Мичиќ нема да се врати во Србија после четвртфиналето како што се најавуваше.

Мичиќ ќе остане во Кина и ќе даде се од себе во чест на неговата мајка.

Србија натпреварот против Аргентина го игра утре во 13:00 часот по средноевропско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најлудиот кош сезонава во Евролигата 🎥

Французинот Нандо де Коло го кој важи за еден од најдобрите шутери во НБА лигата го постиг…