Дома Фудбал Трагедија го потресе фудбалскиот свет: Почина Хосе Антонио Рејес

Трагедија го потресе фудбалскиот свет: Почина Хосе Антонио Рејес

Фудбалскиот свет завиен во црно. Славниот шпански фудбалер Хосе Антонио Рејес денес трагично го загуби животот во автомобилска несреќа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот фудбалер на Севиља, Реал Мадрид, Арсенал и Бефика денес трагично го загуби животот во автомобилска несреќа.

35-годишниот Рејес се уште активно играше фудбал во шпанската Секунда во дресот на Екстрамадура.

Шпанските клубови и медиуми ја потврдија веста и изразија сочуство до семејството.

Сообраќајната несреќа се случила во шпанскиот град Утрера, инаку роден град на славниот фудбалер.

„Не можеме да соопштиме полоши вести. Нашата сакана ѕвезда Хосе Антонио Рејес почина во сообраќајна незгода. Почивај во мир“, гласеше известувањето на Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА реагираше заради политичките пораки на Аргентинците, фудбалскиот свет во шок од одлуката

Синоќа во Атланта се одигра фантастично полуфинале на Светското првенство помеѓу Аргентина…