Дома Фудбал Трагедија во Шпанија: Воз прегази фудбалер кој претходно преживеа пад од трети спрат

Трагедија во Шпанија: Воз прегази фудбалер кој претходно преживеа пад од трети спрат

Поранешниот шпански фудбалер Палејо Ново трагично настрада откако го прегазил воз на линијата Овиедо – Сиеро.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанецот беше легенда на Овиедо и миленик на навивачите на овој клуб, а во текот на кариерата одигра повеќе од 200 натпревари. Играше уште за Елче, Луго, Кордоба и Албасете.

Додека играше за Албасете доживеа несреќа во која падна од третиот спрат на еден хотел и од тогаш никогаш не се опорави. Користеше штаки за да може да оди и се префрли на тенис во количка каде што настапуваше со успех и беше 12-ти играч во светот.

Шпанските медиуми во 2018 година пишуваа дека всушност тоа било и обид за самоубиство на фудбалерот затоа што претходно подолго време имал проблеми со депресијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиол пред трансфер на животот!

Јошко Гвардиол би можел да го направи трансферот на неговата кариера. Реал Мадрид го посак…