Дома Македонски спорт Трабзон одлучи: Познато колку треба да плати секој клуб кој го сака Барди

Трабзон одлучи: Познато колку треба да плати секој клуб кој го сака Барди

Во последниот период за нас интересна е ситуацијата со Енис Барди, македонскиот репрезентативец е пред заминување од турски Трабзонспор иако во овој клуб пристигна минатото лето.

Трабзонспор го доведе Барди за сума од три милиони евра, меѓутоа сега клубот сака да доведе нови странци и да ослободи простор затоа што тоа го бараат правилата во турското првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, Транзонспор има и услов, нема да го пуштат Барди за сумата под која го доведоа.

Три милиони евра плати Трабзон минатото лето на Леванте кој го продаде Барди кога испадна од шпанската Ла Лига.

Претходно Барди се поврзуваше со повеќе клубови пред се од Шпанија: Рајо Ваљекано, Мајорка, Кадиз и Еспањол, а тука се уште француска Ница и италијански Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …