Дома Топ вести Тој е најголема „превара“ во историјата на Барса

Тој е најголема „превара“ во историјата на Барса

Полициите на Барселона се полни со трофеи, а неговиот допринос е 0. Поради тоа важи за најголема „превара“ во историјата на каталонскиот клуб.

Само најголемите навивачи на Барселона и фудбалски познавачи знаат кој беше Алберт Жорке Фортиа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој шпански голман, роден во Џирона, ги помина сите возрасни селекции на Барса и стана член на сениорскиот тим во 2003 година. Прв пат за тимот од „Ноу Камп“ настапи на 17 јануари 20114 година во натпреварот против Билбао. Иако беше избран за играч на натпреварот, после тој меч не се наигра за Барса.

Во следните неколку сезони оствари кариера на која би му позавиделе голем број на фудбалери, барем кога станува збор за освоените трофеи. Меѓутоа, не играше многу бидејќи секогаш беше трет избор меѓу голманите, покрај Виктор Валдес и Мануел Пинто, па поради тоа неговата кариера во каталонскиот гигант може да се нарече една од најголемите „превари“.

Алберт Фортиа беше член на Барса се до 2009 година, а потоа кариерата ја продолжи во родниот град. После само една сезона во Џирона одлучи да ги обеси копачките на клин. Иако имаше „само“ 31 година, што за голман е навистина малку, Фортиа одлучи да се пензионира од „лични причини“.

Тој цели седум сезони беше член на првиот тим на Барса, а вкупно заигра, верувале или не само седум пати. За тоа време освои две титули во Лига на шампиони, три титули во Примера, два Суперкупа на Шпанија е еден Куп на кралот. Што значи имаше повеќе трофеи одколку настапи за тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пресврт: Модриќ става потпис на нов договор

Иако се очекуваше ова да биде последната сезона на Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид, с…