Дома Фудбал Останато Тој верува дека е можно: Ако „Сунинг“ сака во Интер може да го доведе и Меси

Тој верува дека е можно: Ако „Сунинг“ сака во Интер може да го доведе и Меси

Поранешниот италијански репрезентативец, Едер во овој момент настапува во Кина за тимот на Џиангсу Сунининг кој има ист сопственик како и неговиот поранешен клуб Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Едер пред неколку сезони пристигна во Интер како големо засилување од Сампдорија, но баш и не се покажа на „Џузепе Меаца“. Ова лето одлучи дека е време за промена, па кариерата ја продолжи во далечната Кина за Џиангсу Сунинг.

Овој фудбалер сега верува дека „Сунинг“ групацијата е толку моќна што без проблем може да го доведе Меси во Интер.

„Го видов царството кое „Сунинг“ го изгради. Семејството им е на прво место, а Интер секако станува дел од нивното семејство. Во наредните години ќе видите што се можат. Парите нив воопшто не им се проблем и сигурен сум дека можат да го доведат и Меси ако тоа го сакаат“, изјави Едер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што мислеше, човек?! Неверојатната грешка на голманот Муслера го чинеше Уругвај победа

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови продолжува со пишување на најубавите с…