Дома Фудбал Тотенхем ќе почека за трофеј, Сити го освои Лига Купот🎥

Тотенхем ќе почека за трофеј, Сити го освои Лига Купот🎥

Манчестер Сити го освои првиот трофеј сезонава, откако во финалето на Лига Купот го победи Тотенхем на Вембли со 1:0.

Сити првата голема шанса ја имаше уште на самиот старт, кога Фоден шутираше покрај голот. До крајот на првото полувреме „граѓаните“ повторно се заканија преку Марез.

И во второто полувреме „граѓаните“ напаѓаа и имаа контрола на мечот. Создаваа шанси, а клучниот момент се случи во 82-та минута кога Лапорте беше највисок во шеснаесетникот и го совлада Лорис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…