Дома Фудбал Тотенхем го раскина договорот со проблематичниот фудбалер

Тотенхем го раскина договорот со проблематичниот фудбалер

Тотенхем ја прекина соработката со десниот бек Серж Орие, соопштија од клубот.

Орие имаше договор до крајот на актуелната сезона, но двете страни одлучија спогодбено да ја раскинат соработката.

„Уживав во Тотенхем. Сакам да им се заблагодарам на навивачите, но сега е време за нови предизвици“, изјави Орие.

Како што пренесуваат островските медиуми интерес за него покажуваат Ватфорд, Бетис, Спартак Москва и Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Ѕерби размислува за рана пензија: „Животот не е само фудбал“

Тренерот на Тотенхем има договор до 2031 година, но призна дека не се гледа уште долго во …