Дома Топ вести Тотенхем го продава Хари Кејн – одредена и цената!

Тотенхем го продава Хари Кејн – одредена и цената!

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви решил ова лето да ја продаде големата ѕвезда на тимот, Хари Кејн, но само ако некој клуб за неговиот потпис понуди 200 милиони фунти.

Според информациите од Островот клубот се уште има долг од 637 милиони фунти поради изградбата на новиот стадион, како и 83 милиони фунти за неисплатени трансферни долгови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со парите од евентуалната продажба на Хари Кејн клубот ќе осигура поголема финансиска стабилност. Самиот фудбалер неодамна изјави дека е спремен да ја промени средината со цел да игра во клуб каде ќе освојува трофеи.

Сепак, сумата од 200 милиони фунти е повисока од рекордот кој ПСЖ го плати на Барселона за Нејмар, и цифра која тешко дека некој клуб може да ја плати ова лето.

Клубовите од Манчестер, Реал Мадрид и Јувентус се заинтересирани за напаѓачот, но не се спремни да ја платат оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…