Маурисио Покетино замина, а Жозе Мурињо од денеска е нов тренер на Тотенхем.
Специјалниот веднаш отиде на работа и започна да ги бара стручните лица кои би го сочинувале неговиот стручен штаб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мурињо го доби она што го посака и Тотенхем го потврди составот на новиот стручен штаб.
Најголеми желби на Мурињо беа Жоао Сакраменто и Нуно Сантос, кои беа „украдени“ од Лил и пристигнаа во Лондон.
Покрај нив, во екипата на Мурињо ќе бидат и Карлос Лалин, Рикардо Формосињо и Џовани Сера.
Жоао Сакраменто ќе биде првиот асистент на Мурињо, а Нуно Сантос ја презеде функцијата тренер на голманите.
Кондиционен тренер е Карлос Лалин, а Сера ќе ја анализира техниката, додека Формосињо тактиката. Сера и Фоемосињо во минатото веќе соработувале со Мурињо.
Првиот предизвик за новиот штаб на Мурињо и Тотенхем ќе биде гостувањето кај Вест Хем (сабота, 13:30 часот).