Дома Фудбал Тоталниот фудбал е во мода: Ајакс го освои и Лондон (видео)

Тоталниот фудбал е во мода: Ајакс го освои и Лондон (видео)

Ајакс оствари голема победа на гостувањето кај Тотенхем во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони.

Момците од Амстердам од старт ја наметнаа својата игра и во 15-та минута ја одиграа истата акција како против Јувентус, па Ван де Бек остана сам пред Љорис.

Младиот Холанѓанецот ладнокрвно го матираше голманот на Тотенхем за водство од 1:0.

Тотенхем беше во подредена позиција до крајот на второто полувреме, а Ајакс пропушти неколку шанси да ја зголеми предноста.

Во второто полувреме Тотенхем се обидуваше да го израмни резултатот, но не создаде големи шанси.

Најзрелата шанса ја имаше Нерес кој ја погоди стативата и пропушти да ја дуплира предноста на холандскиот тим.

Ајакс после оваа победа е во голема предност пред реваншот кој се игра на „Амстердам Арена“ следната недела.

https://youtu.be/bajN-okrFLo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сеслар со два гола го сруши Штурм: Целје славеше со 3-2 во Грац

Целје победи на „Меркур Арена“ со два погодока на Свит Сеслар и еден на Бенјамин Вербич, и…