Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.
После цели 10 години една екипа успеа да победи откако губеше со 30 разлика. Далас Маверикс без Лука Дончиќ водеше 51:81 во третата четвртина, но на крајот Торонто победи со 110:107.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До историскиот подвиг тимот од Канада го предводеше Кајл Ловри кој постигна 32 поени и додаде 10 скокови. Кај гостите Џулен Брансон уфрли 21 поен.
Дербито на Западната конференција се играше во „Стејплс Центарот“. Домаќинот Лејкерси изгуби од Денвер. Гостите славеа со резултат 104:128. На Лејкерси не им помогнаа ниту 32 поени на Ентони Дејвис. Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 18 поени, додека најдобар кај Наџентси беше Пол Милисап со 21 поен.
Екипа со најдобар скор и понатаму е Милвоки Бакс. Тие вчера на свој паркет беа подобри од Аталанта со сигурни 117:89. Метјус за домаќините и Сабонис за гостите постигнаа по 19 поени. Антетокумпо броеше до 18 поени, но додаде дури 19 скока. На грчкиот кошаркар му недостасуваше само една асистенција за трипл-дабл.
Четвртиот триумф во низа го запиша Оклахома која со резултат 118:112 ги победи ЛА Клиперси. До домашна победа стигна и Бостон победувајќи го Шарлот со 119:93.