Дома Останати Кошарка НБА Торонто немаше решение за Дурант и Харден, Рубио го наполни кошот на Никси 🎥

Торонто немаше решение за Дурант и Харден, Рубио го наполни кошот на Никси 🎥

Кошаркарите на Бруклин успеаа да стигнат до голема победа против Торонто на гостински терен со резултат 116:103.

Најрасположени во победата на Бруклин беа Кевин Дурант и Џејмс Харден кои заедно постигнаа половина од поените. Бруклин веќе ја забележа петтата победа во низа во НБА со учинок од 7/3 и се наоѓаат на третата позиција на Истокот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во првите две четвртини во најголем дел се играше изедначено, а домаќинот на полувреме замина со предност од седум поени 60:53. Клучен во натпреварот беше третиот период. Тогаш Дурант и Харден ги предводеа Нетси за серија од 22:7 за пресврт во натпреварот и двоцифрена предност од 77:67.

Дурант постигна 31 поен и додаде, седум скока, Харден уфрли 28 поени, 10 скока и осум асистенции, додека Блејк Грифин запиша дабл-дабл од 14 поени, 11 скока и три асистенции.

Треба да се истакне и одличната вечер на Шпанецот Рики Рубио. Рубио беше најзаслужен за победата на Кливленд против Њујорк Никси од 109:129. Шпанскиот плејмејкер реализира осум тројки од девет обиди и беше прв стрелец со 37 поени.

Актуелниот шампион Милвоки влезе во криза и го забележа третиот пораз на последните пет натпревари. На гости го совладаа Вашингтон со 101:94.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Њујорк Никси – 109:126, Орландо – Јута 107:100, Сакраменто – Индијана 91:94, Вашингтон – Милвоки 101:94, Оклахома – Сан Антонио 99:94, Голден Стејт – Хјустон 120:107, Клиперс – Шарлот 120:106.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…