На стадионите ширум Европа вечерва беа одиграни натпревари од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.
Јувентус во Торино успеа потешк од очекувањата да слави против Локомотив Москва со 2:1. Локомотив Москва имаше предност се до 77-тата минута, а тогаш два гола за Јувентус постигна Паоло Дибала за пресврт и победа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во групата А не видовме изненадување, ПСЖ славеше како гостин над Клуб Бриж со 0:5, додека Реал со 0:1 беше подобар од Галатасарај.
После ремито во Шахтјор Манчестер Сити ја пречека Аталанта и стигна до убедлива победа од 5:1. Гостите од Бергамо до водство стигнаа во 28-та минута од пенал. Сити сепак брзо се врати и во период од четири минути направи пресврт. Агуеро беше двоен стрелец, еден гол постигна од белата точка.
Лоша вест за Сити е повредата на Родри кој излезе во 41-т минута. Стерлинг во 58-та минута го обезбеди триумфот на Сити, а истиот играч ги постигна четвртиот и петиот гол за убедлива победа.
Баерн со 2:3 славеше против Олимпијакос, Реал со голот на Крос однесе минимална победа против Галатасарај, додека Тотенхем со 5:0 ја потопи Звезда во Лондон.