Дома Фудбал Останато Торес: Јувентус треба да се плаши од Атлетико

Торес: Јувентус треба да се плаши од Атлетико

Во осминафиналето од Лигата на шампионите помеѓу останатите ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Јувентус.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пред овој натпревар свој коментар на оваа пресметка даде поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес кој денес настапува за кинскиот тим Саган Тосу.

Јувентус според спортските медиуми е благ фаворит во овој двомеч, но Торес смета дека „старата дама“ треба да се плаши од Атлетико ако „јорганџиите“ играат онака како што знаат.

„Од што најмногу Атлетико треба да се плаши против Јувентус? Напротив, ако Атлетико игра како што знае и го покаже својот вообичаен менталитет тогаш Јувентус е тој кој треба да биде загрижен. Роналдо? Атлетико е тим кој не се плаши од никого, сигурен сум дека можат да го запрат“, изјави популарниот „Ел Нињо“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Иран поставил услови за да допатува во САД: ФИФА е наш домаќин, не господинот Трамп!

Натпреварувањето на Иран на Светското првенство останува неизвесно поради комплицираниот о…