Дома Фудбал Торес: Сакам да останам во Атлетико засекогаш!

Торес: Сакам да останам во Атлетико засекогаш!

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес потпиша едногодишен договор и смета дека оваа сезона ќе биде многу поуспешна за „јорганџиите“ од претходната.

Атлетико минатата иако беше конкурентен не освои ниту еден трофеј – во Ла Лига го освои третото место, во Купот на Кралот и во Лигата на шампионите стигна до полуфиналето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би сакал овде да играм засекогаш. Кога играм за овој клуб секогаш сум посебно мотивиран. Секој детаљ е важен, играњето на последниот меч на Калдерон беше важен. Секој меч пред тој пробуди спомени и сеќавања“, изјави Торес.

Атлетико новата сезона ќе ја почне на новиот стадион „Ванда Метрополитано“, чиј капацитет изнесува 70.000 места. Претходно 51 година Атлетико настапуваше на култниот „Винсенте Калдерон“.

„Новиот стадион? Сакам да ја почнеме новата ера веднаш, сакам да го видам новиот стадион исполнет со навивачи и секако да го сочуваме својот идентитет. Возбуден сум што ќе останам тука уште една сезона бидејќи не можете секогаш да бидете онаму каде што сакате вие. Јас таа шанса ќе ја имам уште една година“, заклучи голгетерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …