Шпанскиот фудбалер Фернандо Торес веројатно ќе ги напушти редовите на Атлетико Мадрид на крајот од сезоната.
Торес долго време се поврзува со заминување од Мадрид, а се чини дека ова ќе му биде последна сезона. Наредната дестинација за некогаш еден од најдобрите светски напаѓачи би требало да биде Кина, односно екипата на Далиан Јифанга, пренесува шпански АС.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Да потсетиме, за трансфер во оваа екипа се поврзува уште еден фудбалер на Атлетико, Караско, кој исто така би можел да го облече дресот на кинескиот клуб. Се наведува дека Торес во Кина би требало да заработува околу 15 милиони евра годишно.