Лапорт и Џеко блиску до Премиер лигата.
Како и секој ден порталот „Football Whispers“ ja објави листата од десет трансфери кои имаат најголеми шанси да бидат реализирани до крајот на денот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најочигледноот трансфер на денот е играчот на Челзи, Абдул Рахман Баба, кој е многу блиску до враќање во Бундеслигата во редовите на Шалке. Следува 34-годишниот играч, Хави Фуего кој се поврзува со трансфер во Виљареал, а трансферот на напаѓачот Крис Мартин од Дерби Каунти во Сандерленд е трет на листата.
Во првите пет трансфери уште се Емерик Лапорт од Атлетик Билбао во Манчестер Сити и Един Џеко во Челзи.
ТОП 10 трансфери на денот:
1. Абдул Рахман Баба (Челзи – Шалке)
2. Хави Фуего (Еспањол – Виљареал)
3. Крист Мартин (Дерби Каунти – Сандерленд)
4. Емерик Лапорт (Атлетик Билбао – Манчестер Сити)
5. Един Џеко (Рома – Челзи)
6. Кунси Промес (Спартак Москва – Саутемптон)
7. Лазар Марковиќ (Ливерпул – ВБА)
8. Леонардо Улоа (Лестер – Брајтон)
9. Лукас Моура (ПСЖ – Тотенхем)
10. Алеш Видал (Барселона – Рома)