Репрезентацијата на Германија се прости од Европското првенство по поразот од Шпанија во судиското продолжение од четврт-финалето на натпреварувањето.
Шпанците имаа предност од 51. минута кога погоди Дани Олмо, а Флоријан Виртц израмни на 1:1 во 89. минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Голот на Микел Мерино во 119. минута ја внесе Шпанија во полуфиналето, ја елиминира Германија и стави крај на кариерата на Тони Крос.
Брилијантниот играч за врска најави дека ќе се пензионира по ЕП, а откако Шпанците ги победија неговите Германци, тоа пензионирање стана и официјално.
„Нема да кажам колку беше брутално, но дадовме се од себе бидејќи не сакавме да загубиме и бевме многу блиску до успех.
Сега нашето испаѓање фрла сенка на сето тоа, сакавме да направиме нешто големо, но тој сон сега заврши. Игравме добар турнир и тешко е да прифатиме испаѓање кога бевме многу блиску до пласман понатаму.
Сепак, мораме да бидеме горди затоа што напредувавме, а драго ми е што и помогнав на Германија како фудбалска нација повторно да има надеж. Убеден сум дека овој тим ќе биде успешен во иднина“, изјави Крос по натпреварот.