Фудбалерите на Брентфорд по којзнае кој пат покажаа дека и понатаму припаѓаат на елитата и дека под водство на Томас Франк уште долго ќе бидат во Премиер лигата.
Брентфорд му одржа лекција и на Ливерпул, откако претходно ремизираше со Тотенхем и го победи Вест Хем на гости, па во празничниот период има импресивни седум од можни девет бода.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, ова само ја продолжи неверојатната серија која трае уште пред Светското првенство. Во последното коло пред паузата, Брентфорд го победи Манчестер Сити на „Етихад“ (2:1).
Но, тоа не е крајот на одличните резултати против најсилните во Премиер лигата, бидејќи Брентфорд ремизираше со Челзи (0:0), а Френк на почетокот на сезоната му одржа фудбалска лекција на Ерик тен Хаг со победа против Манчестер Јунајтед од 4:0.
Брентфорд е седми на табелата во Премиер лигата со 26 бодови, еден повеќе од Челзи и само два помалку од Ливерпул, а четири помалку од Тотенхем.
За тим кој според буџетот цели да остане во лигата, Брентфорд и оваа сезона е вистински хит на Премиер лигата.