Саудискиот Ал Хилал плати огромна сума да го доведе Нејамр кој потоа тешко се повреди, а изгледа и дека повеќе не му се игра во Саудиска Арабија.
Дел од светските медиуми денеска пренесуваат дека Нејмар на неговите менаџери им соопштил дека сака да го ослободат од договорот со саудискиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно, Бразилецот веќе има идеја и каде би продолжи – Интер Мајами!
Интер Мајами веќе доведе неколку поранешни соиграчи на Барселона. По Меси пристигнаа Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс, а сега на ова друштво би можел да им се придружи и Нејмар.
Засега веројатно нема ништо конкретно, меѓутоа се тврди дека токму собирот со поранешните соиграчи и добри пријатели за Нејмар е главниот мотив да се пресели во МЛС клубот.