Дома Фудбал Англија Толку од ерата на Ибра во Јунајтед – Рајола откри какви се плановите на Швеѓанецот!

Толку од ерата на Ибра во Јунајтед – Рајола откри какви се плановите на Швеѓанецот!

Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ напорно работи за да се опорави од тешката повреда на коленото која ја доби на натпреварот против Андерлехт.

Ибрахимовиќ беше принуден да го пропушти финишот од сезоната во Манчестер Јунајтед поради тешката повреда на коленото, а по операцијата, медицинскиот тим соопшти дека пред него претстои заздравување од осум месеци. Меѓутоа, шведскиот напаѓач се опоравува побрзо од очекуваното и целта му е да биде подготвен до октомври.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот агент, Мино Рајола откри дека Златан има многу понуди бидејќи ова лето му истекува договорот со Манчестер Јунајтед. Меѓутоа, тој додаде дека Ибра прво предност им дава на „Црвените ѓаволи“, и дека ќе остане, доколку овој клуб сака да биде тука.

Сепак, англиските медиуми денеска пренесуваат дека Ибрахимовиќ тешко да остане во Јунајтед и следната сезона. Наводно, Жозе Мурињо не сака да ризикува бидејќи не е сигурен кога ќе може да смета на Ибра поради тоа што постои шанса Швеѓанецот да биде спремен дури на почетокот на следната година.

Па според англиските медиуми, Ибрахимовиќ следната сезона ќе го гледаме во нов дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…