Дома Фудбал Англија Тијаго Силва: Не знам зошто ни се вакви резултатите

Тијаго Силва: Не знам зошто ни се вакви резултатите

Стоперот на Челзи, Тијаго Силва не може да лоцира во што е проблемот во играта на неговиот тим после поразот на домашен терен од Манчестер Сити 3:0.

Во Премиер лигата Челзи е на осмата позиција на табелата со 26 бодови од 17 натпревари.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Не сфаќам во што е проблемот. Да знам би можел да дадам некој совет, но навистина не знам. Премиер лигата е една од најтешките лиги во светот. Првото полувреме против Сити беше болно, треба да работиме повеќе и да бидеме внимателни. Второто полувреме го одигравме многу подобро, но веќе не можевме ништо да направиме“, изјави Силва.

Челзи е со само една победа на последните шест натпревари во Премиер лигата и „сините“ се наоѓаат на осмата позиција на табелата во ПЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Први реакции од Албанија: Србија не требаше да биде во наша група, нема мир помеѓу Србите и Албанците!

Селекторот на албанската фудбалска репрезентација, Силвињо, го коментираше извлекувањето з…