Поранешниот репрезентативец на Италија, Тијаго Мота е нов тренер на италијанска Специја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мота на клупата на Специја седнува после краткото искуство во Џенова во 2019 година. Во Џенова Мота не се прослави и за краток период доби отказ.
„Среќен сум што сум тука и горд на дадената доверба. Ќе се обидам да ги оправдам очекувањата на клубот“, изјави Мота.
Во Специја Мота доаѓа на местото на Винчецо Италијана кој се пресели во Фиорентина.