Дома Топ вести Титулата загубена: Перез веќе го најде наследникот на Зидан

Титулата загубена: Перез веќе го најде наследникот на Зидан

Тешко дека некој во овој момент верува дека Реал Мадрид може да надомести десет бода заостаток зад лидерот Барселона.

Имено, бројките се многу јасни, тоа би било рекорд. Барселона во 1999 година успеа да ја анулира предноста против Мајорка и од 10-то место на крајот да ја одбрани титулата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Има уште еден важен податок – Реал повеќе од 20 години немал вака голем заостаток во однос на лидерот. Тогаш Атлерико на Атиќ беше лидер со 30 бода, а градскиот ривал имаше само 12 помалку.

Сега сите критики се упатени кон Зинедин Зидан и никој не верува дека ќе добие шанса и следната сезона ако не ја одбрани титулата во Примера или Лига на шампиони.

Шпанските медиуми тврдат дека е веќе позната замената за Французинот, Реал го „капарил“ Маурисио Покетино кој со голем успех го води Тотенхем. Сепак, Аргентинецот не е задоволен бидејќи „спарси“ не вложија многу средства на засилувања ова лето и не можат да се борат за трофеи.

Наводно Перез веќе ги направил првите контакти со агентот на Покетино и тој е прв кандидат за наследник на Зидан следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …