Дома Фудбал Репрезентации Тите открива како го неутрализирал Меси, клучна улога одиграл Фирмино

Тите открива како го неутрализирал Меси, клучна улога одиграл Фирмино

Селекторот на фудбалерите на Бразил, Тите се радува на финалниот натпревар од Копа Америка кој „Кариоките“ ќе го играат на познатата „Маракана“.

Фудбалерите на Бразил ја победија Аргентина со 2:0 во полуфиналето. Стрелци за Бразил беа Габриел Хесус и Роберто Фирмино.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„За да го неутрализираме влијаението на Меси моравме да ја промениме формацијата. Фирмино играше малку поназад од вообичаено. Имавме и помал посед на топка. Меси е неверојатен играч. Иако секако и останатите се квалитетни играчи, тој заслужува да биде издвоен“, изјави Тите.

Тите за прв пат ќе го води Бразил во едно финале и тоа ќе биде не било каде, туку на „Маракана“.

„Тоа значи дека навистина ќе станам селектор на Бразил. Луѓето тука ве сметаат за играч само ако сте играле на „Маракана“. Истото важи и за тренерите“, порача Тите.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Чиле и Перу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …