Селекторот на Бразил, Тите го потврди составот за утрешниот натпревар против Белгија на Мундијалот во Русија.
Бразилците и Белгијците во вечерашните часови ќе одиграат „финале пред финалето“, барем така многумина го нарекуваат овој натпревар, а селекторот Тите нема намера ништо да промени, освен што во тимот се враќа Марсело.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Потсетуваме, ѕвездата на Реал Марид се повреди против Србија во натпреварот од групната фаза, по што го пропушти натпреварот од осмина финалето против Мексико. Сепак, селекторот Тите потврди дека со него е се во ред и дека тој ќе се врати на теренот.
Некои навивачи на Бразил се разочарани што во тимот повторно нема да биде Фирмино, туку во нападот повторно ќе биде Хесус и поради тоа денеска се води дебата. Треба да се додаде дека во тимот нема да биде Касемиро кој заработи втор жолт картон против Мексико.
Tite confirms the starting XI to face Belgium.
No Firmino again ?#WorldCup #BRA #BEL pic.twitter.com/PRPLUSPudm
— 8Fact Football WC ? (@8Fact_Footballl) July 5, 2018