Францускиот напаѓач, Александар Лаказет ова лето одлучи да го напушто Лион и својата кариера да ја продолжи во Арсенал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Многумина сметаа дека е вистинско засилување за „Топчиите“, и дека би бил одлична замена за легендарниот Тиери Анри. Овој напаѓач не крие дека токму Анри е неговиот идол, и дека ќе направи се да ги оправда очекувањара на „Емирати“.
Лаказет во еден разговор за англиските медиуми одлучи да ги открие играчите кои го сочинуваат неговиот тим од соништата. Во тој тим доминираат играчите на Барселона и Реал, а место најдоа и легендите на Арсенал и Јувентус.
Тимот од соништата за Французинот е следен: Буфон, Дани Алвес, Умтити, Рамос, Марсело, Иниеста, Зидан, Роналдињо, Роналдо, Меси и Анри.
