Дома Фудбал Италија Тимот на Несторовски: Зошто не ја прекинавте лигата веднаш?

Тимот на Несторовски: Зошто не ја прекинавте лигата веднаш?

Tимот на македонскиот напаѓач Илија Несторовски, Удинезе најави дека ќе ги врати сезонските влезници на гледачите за натпреварите кои ќе се играат зад затворени врати. Ќе потсетиме, сите натпревари во Италија до 3. април ќе се играат без публика.

Серија А утре ќе продолжи откако имаше неколку одложени натпревари. Клубовите не се законски обврзани да им ги вратат парите на навивачите, но некои тоа го прават.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Удинезе објави дека секој навивач кој има сезонски билет и ќе си ги побара парите назад за натпреварите кои ќе се играат без гледачи истите и ќе ги добие.

„Според мене контрапродуктивно е да се игра зад затворени врати знаејќи дека фудбалот се игра за навивачите. Играњето без навивачи е исто како и на една претстава да нема гледачи. Сезоната требаше да се запре многу порано, таков е нашито став“, изјави директорот на Удинезе, Џампаоло Поцо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…